Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на егзибицискиот турнир „Слемот на шест кралеви“.
Првиот светски рекет го совлада Карлос Алкараса во финалето во Ријад по пресврт со 2:1 (6:7, 6:3, 6:3).
Мечот со Шпанецот беше се освен егзибиција, бидејќи влогот беше голем. Дури шест милиони долари заработи победникот.
Можеби Синер можеше порано да ја заврши работата, доколку беше малку поконцентриран. Тој прв стигна до брејк во мечот и имаше големи 4:1, но Алкараз успеа да направи пресврт. На крајот Шпанецот в тај-брејк го освои првиот сет.
Во вториот сет повторно Синар прв направи брејк, а Алкараз возврати. Се чинеше дека уште еднаш ќе се повтори сценариото од првиот сет, но Синер не го дозволи тоа, уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет двајцата влегоа претпазливо. Третиот сет целосно се разликуваше според интензитетото од првите два. Првиот брејк се случи во во осмиот гем. Го направи Синер и на тој начин стигна до клучна предност што не ја испушти. Алкараз со дупла сервис грешка му подари брејк. Лош начин да се реши судирот на лидерите на новата генерација.
Претходно Новак Ѓоковиќ го освои третото место со победата над Рафаел Надал со 6:3, 7:6.