Јаник Синер е победник на АТП турнирот во Виена.
Во големото финале Италијанецот беше подобар од првиот носител и трет тенисер во светот Русинот Данило Медведев со 7:6 (7), 4:6, 6:3. Финалниот меч траеше три часа и шест минути.
Јаник имаше повеќе сила и нерви и на крајот стигна до својата четврта титула оваа сезона бидејќи беше најдобар во Пекинг, Монпелје и на Мастерсот во Торонто.
Интересно, Јаник го победи Медведев во финалето во Пекинг на почетокот на овој месец и уште еднаш покажа дека не незгоден ривал за Медведев.
Исто така, ова беше негова 40-та победа на тврда подлога оваа сезона.
Синер забележа 36 винери, наспроти 28 колку што имаше Медведев.
За победата покрај 500 поени заработи и чек од 450.650 евра.