Top Sport

Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Вимблдон

Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот.

Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот сервис и поради неговата одлична игра од основната линија.

Колку беше самоуверен и доминантен, покажува фактот што му дозволи на Србинот само една брејк-топка.

Александар Зверев, обедникот на Ролан Гарос ја победи локалната сензација, квалификантот Фери со 7:6 (0), 6:2, 6:4, по два часа и 15 минути игра.

За Зверев, ова е убедливо најдобриот резултат на Ол Ингланд Клубот, бидејќи досега најдалеку доаѓаше до осминафиналето.

Фери, кој го започна турнирот на 114-то место во светот, од понеделник ќе биде 36-ти на АТП листата, што е огромен скок за човек кој живее веднаш до комплексот Вимблдон.

Мечот за титулата се игра в недела со почеток во 17 часот.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');