Јаник Синер е најдобриот тенисер во светот, тој е идол за многумина поради начинот на кој игра тенис, но и победува. Италијанецот е вистинска машина за успех, изненадувањата се речиси невозможни во неговата кариера. Вистинска статистичка грешка.
Синер се наоѓа во Торино, каде се подготвува за последниот турнир во годината, а на новинарот на „Скај Спорт Италија“ му откри кои се неговите идоли.
„Прво беше Андреас Сепи“ – го посочува италијанскиот тенисер кој е роден во истиот дел од Италија како и Синер. Германскиот му е мајчин јазик. Сепи беше 18-ти во светот во 2013 година.
Секако, како што растеа тениските апетити на Синер, така растеа и идолите:
„Потоа стана Роџер Федерер. Подоцна го запознав Рафаел Надал и си помислив: „тој е неверојатен“. А потоа го открив Новак и си помислив „неверојатно е што прави“ – објасни тој и тоа се гледа во неговото играње. Речиси го има ископирано стилот на Ѓоковиќ.
Во последните две години, Синер ги делеше титулите на Гренд слем со Карлос Алкараз, двајцата освоија по четири.
