Италијанскиот тенисер, Јаник Синер (број 4 на АТП листата) се повлече од Мастерост во Париз.
Четвртиот играч во светот околу три часот наутро го заврши мечот од второто коло против Мекензи Мекдоналд и на прес-конференцијата го навести ова сценарио.
Синер беше поставен на дневната сесија во четвртокот, кога требаше да се сретне со Алекс де Минор.
Тој би имал помалку од 14 часа време за одмор. Не сакаше да се изложи на нови напори и на крајот реши да се откаже од турнирот во Берси.
Ова прв го коментираше Каспер Руд кој го критикуваше АТП, а во меѓувреме му се придружи и Стен Вавринка.
„Браво АТП. Како да му помогнеме на еден од најдобрите играчи во светот да се опорави и да биде подготвен за натпревар иако претходниот го заврши во 2:37 утрово. Четиринаесет и пол часа за опоравување. Каква зафрканција“, напиша Руд.
Синер е во добра форма, годинава освои четири турнири, изминатиот месец победи во Пекинг и Виена.
Последен турнир за него во годината ќе биде АТП финалето во Торино, кое е на програмата од 12 до 19 ноември.