Со освојувањето на рекордната седма титула од Австралија опен, Новак Ѓоковиќ прати јасна порака до ривалите дека повторно е во своите најдобри тениски денови, нешто што го призна и поразениот во финалето Рафа Надал.
Шпанецот загуби за нешто повеќе од два часа игра на „Мелбурн парк“, а една статистика е неверојатна – во првиот сет освои само еден поен на сервис на Ѓоковиќ.
„Многу честитки за Новак и неговиот тим. Тој покажа неверојатно ниво на тенис овие две недели и мора да му се честита. Денеска тој беше подобар, но за мене овие две недели беа многу важни. Ќе продолжам да се борам“, вели Надал.
Ѓоковиќ со солзи во очите прво му честиташе на Надал за добриот турнир.
„Би сакал да му вратам на Рафа и да му честитам за овие две недели. Вечерва имаше тежок меч, но да не заборавиме дека тој се врати од повреда оваа година. Ти покажуваш на мене и на сите наши помлади колеги што е дефинција на посветеност и борбен дух. Сакам да го поздравам моето семејство, најмногу мојата сопруга и мојот син и мојата ќерка. Се надевам дека гледаа, барем така кажаа пред мечот. Трофеите се уште поспецијални кога имате со кого да ги споделите. Им благодарам за безграничната љубов и поддршка“, изјави Ѓоковиќ.
Дека семејството го гледаше Ѓоковиќ „докажа“ неговата сопруга Јелена, која на Твитер сподели фотографија со четиригодишниот Стефан и едногодишната Тара кои седат на столче и го гледаат тато со порака: „Праќаме љубов таму долу“.
Sending love all the way down under!!! ??❤️?@DjokerNole @AustralianOpen #idemooo #NoleFam pic.twitter.com/3Pe6Ra9TJn
— Jelena Djokovic (@jelenadjokovic) January 27, 2019