Top Sport

Берарди со спектакуларен гол, Сасуоло ја „растури“ Болоња

Сасуоло ја прекина низата од пет меча без победа, триумфирајќи со убедливи 3:1 на гости кај Болоња во претпоследното коло во Серија А, во меч обележан со мајсторскиот гол на Доменико Берарди.

Гостите на „Ренато Дал’Ара“ стигнаа во водство во 35. минута, кога по корнерот токму на Берарди, Џанлука Скамака го постигна својот 16. лигашки гол оваа сезона. Овој резултат беше актуелен до 75. минута, кога Берарди постигна фантастичен гол со ножички, за пет минути подоцна, Скамака со својот втор гол да ја потврди победата. Роберто Орсолини во 91. минута од пенал ги постави конечните 1:3.

На двата клуба не им беше важен резултатски мечот, бидејќи се во средината на табелата со обезбеден опстанок.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top