Новак Ѓоковиќ организаторот на „Адрија Тур“ се наоѓа на удар на медиумите и поранешните и катуелни тенисери, откако на турнирот во Задар не се одигра финалето. Григор Димитров објави вчера дека е заразен со коронавирусот, потоа беа тестирани 22 луѓе кои биле во контакт со Бугаринот. Од тестираните уште тројца биле позитивни на вирусот Борна Чориќ и тренерите на Ѓоковиќ и Димитров.
Турнирот, слично како и во Белград се играше пред публика, не се почитуваа мерките на заштита и социјална дистанца, а играчите се друже меѓу себе и праве заеднички забави.
„Со заразениот Димитров непрестано се дружеа Ѓоковиќ, Зверев, Чориќ и многу други тенисери и гледачи. Овој настан во прв план ќе ја истакне расправата околу организацијата на тениските мечеви“, пишува Лекип.
„Мечевите во Задар се играат пред неколку илјади гледачи, а познато е дека АТП сезоната ќе продолжи на 14 август без поублика“, пишува Би-би-си.
Претходно, кога „Адрија Тур“ се играше во Белград критики на адреса на Ѓоковиќ упатија највлијателните германски медиуми.
„Целосно е неодговорно во време кога целиот свет се обидува да излезе на крај со пандемијата да бидат полни трибините во тенискиот центар на Новак Ѓоковиќ“, напиша пред десетина дена Зидојче Цајтунг.
Познатиот тренер Бред Гилберт на „Твитер“ објави фотографии на кои Димитров се гушка со Ѓоковиќ, Чилиќ и останатите. За оваа фотографија поранешниот број 1 Енди Родик имаше циничен коментар.
„Наводно сме во пандемија…“
Еден од највлијателните новинари кои го следат тенисот и познат критичар на Новак Ѓокови, Бен Ротенберг напишал дека „Адрија Тур е покажување на среден прст на мерките за социјална дистанца и борбата пртив коронавирусот.“
„Можевме само да се надеваме дека никој друг нема да биде заразен, но се чини дека тоа е невозможно. Се надевам дека Григор ќе им биде пример на останатите спортисти кои не го сваќаат сериозно коронавирусот. Болеста е вистинска, ризикот е вистински. Ова е голем удар за сите нас“, напишал Ротенберг.