Руската тенисерка, Јана Сизикова, синоќа била уапсена во Париз. „Франс прес“, повикувајќи се на извори од француската полиција објави, дека 101. тенисерка на ВТА листата, била упасена поради сомнеж дека минатата година наместила меч на Ролан Гарос. Сизикова се наоѓа во притвор во Париз.
Француската полиција, на 1.октомври минатата година, покренала истрага за „спортска корупција“ и „организирана измама“, пренесуваат француските медиуми. Информацијата дека Сизикова е уапсена ја потврдиле и од Тениската федерација на Франција.
Спорен е мечот кој Сизикова го одиграла со својата партнерка во дубл Екатерина Александрова против Андреа Миту и Патриција Марија. Еден гем од овој дуел ги поттикнал сомнежите за местенка.
Во петтиот гем од вториот сет, Сизикова направила две дупли сервис грешки.
Полицијата, синоќа, извршила претрес во собата на Сизикова. Пред да влезат во собата, гостите на хотелот присуствувале на вистинска драма, бидејќи персоналот не сакал да ги пушти полицајците да влезат во собата, со образложение дека на тој начин ќе ја нарушат приватноста на нивната гостинка.