Top Sport

Скандал на снукер – Вандали прекинаа натпревар

На познатиот „Крусибл“ во Шефилд, на една маса играа Марк Ален и Фен Женги, а на друга Роберт Милкинс и Џо Пери.

Маж ја вандализираше масата број еден во знак на протест за време на дуелот од првото коло меѓу Роберт Милкинс и Џо Пери. Непознатиот маж прво се качил на масата, а потоа истурил портокалов прав врз неа.

Во исто време, друг демонстрант неуспешно се обиде да се врзе за масата број два за време на натпреварот помеѓу Марк Ален и Кинескиот Фан Женгви, и двајцата беа безбедно изведени надвор од салата.

Би-би-си јавува дека двата натпревари ќе продолжат подоцна во вечерните часови, а вандалите веднаш биле уапсени.

 

Scroll to Top