Top Sport

Реал го договорил трансферот на Едер Милитао

Едер Милитао по завршувањето на сезоната ќе ги засили редовите на Реал Мадрид. „АС“ пишува дека Реал за трансферот на 21-годишниот Бразилец на Порто ќе му плати 50 милиони евра.

Милитао, пред шест месеци пристигна во редовите на Порто, настапил на 15 натпревари во првенството, успеал да постигне еден гол. Желбата на челниците на Реал е со овој фудбалер да потпишат договор до 2026 година.

Едер Милитао е еден од играчите, заедно со 18-годишниот Винисиус Жуниор и една година постариот Брахим Диаз, врз кои претседателот на клубот Флорентино Перез ќе ја гради иднината на клубот.

Овој 21-годишен дефанзивец, во септември минатата година, дебитираше и за бразилската репрезентација на пријателскиот натпревар против Ел Салвадор (5:0).

Scroll to Top