Top Sport

Скандал во српската атлетика: Со помош на судијата до државен рекорд (Видео)

Скандал ја тресе српската атлетика, откако на Меѓународниот митинг на пријателството, Ведран Самац, со помош на судиите, го соборил државниот рекорд во фрлање копје.

Легендарниот Сеад Крџалиќ пред 31 година го фрлил копјето на далечина од 83.35 метри. Тој рекорд беше актуелен до вчера, кога Самац забележал далечина од 85,60 метри.

Медиумите во Србија објавија дека е соборен државниот рекорд, а самиот Самац рекол дека е пресреќен и дека долго време најавувал дека ја има далечината од 83 минетри во рацете.

Сепак денес се појави снимка во која се гледа дека еден од судиите, по фрлањето на Самац, го поместил копјето неколку чекори напред, а дури потоа им дал знак на колегите да ја мерат далечината.

Од Атлетскиот сојуз на Србија рекле дека најпрвин целосно ќе го испитаат целиот случај, а доколку утврдат неправилности тогаш судиите ќе добијат максимална казна, а тоа е две годишна суспензија.

Scroll to Top