По неверојатниот сплет на околностите, УФЦ федерацијата реши да го пресели својот завршен УФЦ 223 настап од Лас Вегас, Невада во Лос Анџелес, Калифорнија за главната ѕвезда да може да се бори за светската титула по неговиот позитивен допинг тест.
Џонс требаше да се сретне со Швеѓанецот Александер Густафсон во главниот настан во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас, но на 23 декември, Спортската комисија на Невада (НСАЦ) потврди дека нема да му даде лиценца за настап поради траговите на туринабол во урината, исто средство за кое доби 15-месечна суспензија во 2017.
Џонс по ова го доби долгиот процес на жалби и веднаш доби шанса од УФЦ да се бори со Густафсон на завршниот турнир, а по одлуката во Невада, УФЦ реши да го пресели турнирот во „Форум“ во Инглвуд, Лос Анџелес наместо да ги загуби парите.
„Не постои прекршување на анти-допинг програмата. Американската анти-допинг агенција (УСАДА) смета дека нема пречки, така што ние решивме да го преселиме мечот“, вели потпретседателот на УФЦ за здравје и перформанси, Џеф Новицки.