Top Sport

Скопје трчаше на 10 километри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Низ улиците на Скопје денеска по шести пат се одржа трката на 10 километри, а како и во претходните пет изданија победи Дарио Ивановски, со нов рекорд, 29.42 минути. Второто место му припадна на Џастин Фриман, со време од 32.03 минути, а на третата позиција беше Атанас Анчевски (32.36 минути).

Кај дамите Билјана Кираџиева (37.48 минути) се најде највисоко на подиумот, пред Mиљана Ристиќ (41.27 минути), а на третото место заврши Весна Кираџиева 43.18 минути).

Насмевки имаше кај сите учесници, уживаа во убавиот сончев ден и ги тестираа своите можности.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top