Top Sport

Слаломот во Шамони му припадна на Ноел

Клеман Ноел победи на трката во слалом која се возеше во Шамони. Ноел на домашен терен ја забележа третата победа оваа сезона, вкупно шеста во кариерата.

Деветтиот слалом оваа сезона во Светскиот куп му припадна на Ноел кој во двете трки забележа вкупно време од 1:41.47 минути. Второто место го освои Тимон Хауган, кој по првата трка се наоѓаше на 11 позиција. Третото место го освои Адријан Пертл.

Фаворитите Даниел Јуле и Алекси Пинтаро не ја завршија втората трка.

На челната позиција во Светскиот куп се наоѓа Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 877 поени, Пинтаро има 822, а Александер Омот Чилде 820 поени.

Кристоферсен води и во поредокот за слалом со 552 поени, два помалку има Ноел, трет е Јуле со 495.

Scroll to Top