Словенија, репрезентацијата која Македонија успеа да ја победи сред Љубљана, ќе игра финале на Европското првенство во одбојка, откако со 3:1 (25:23, 24:26, 25:22, 25:23) ја победи Полска во првото полуфинале и сега го чека подобриот од дуелот Франција-Србија за пресметка за златниот медал.
Пред над 11 илјади фанови во „Стожице“ во Љубљана, Словенците почнаа одлично, освојувајќи го првиот сет со 25:23, пред Полјаците да се вратат во вториот сет и да израмнат. Сепак, носени на бранот еуфорија во Љубљана, Словенија повторно беше во предност во третиот сет, за во четвртиот сет да направат предност од 22:18, од која Полјаците не успеаја да се соземат.