Top Sport

Случај 1974: Форман обвинет за сексуален напад

Легендарниот американски боксер Џорџ Форман, поранешен светски шампион во тешка категорија, повторно е обвинет за сексуална злоупотреба во 70. години од минатиот век. „Големиот“ Џорџ бил обвинет од неговиот братучеда. Таа тврди дека боксерот ја силувал во 1974 година, кога имала само 15 години. Познатиот боксер тогаш имал 24 години.

Сега 64. годишната жена, која е далечна роднина на Форман и не е во крвно сродство со него, поднесе граѓанска тужба против познатиот боксер. Во неа таа наведува дека злосторството се случило на ранчот на Форман во Калифорнија.

Таа вели дека одлучила да се јави по сведочењето на две жени на 60. годишна возраст кои го обвинија Форман за слично злоставување.

Оваа вест како оандан на филмот кој неодамна започна да се прикажува, а кој е базиран на животот на слвниот боксер. Филмот е наречен „Големиот Џорџ Форман“. Боксерот, во филмот изјавува дека не знае ништо за ситуациите кои жените ги спомнале во нивните изјави пред судот.

Џорџ Форман во својата професионална кариера оствари 76 победи (68 со нокаут) и пет порази, само еден со нокаут и тоа против Мухамед Али во 1974 година во Киншаса. Тој легендарен меч е еден од најпознатите во историјата на боксот и беше промовиран под името „Rumble in the Jungle“. До мечот со Али во Киншаса, Форман имал 40 победи во исто толку борби.

Џорџ Форман направи пауза од 10 години во текот на кариерата, а се врати во 1987 година како сосема нова личност. Во меѓувреме, тој длабоко се посветил на христијанската религија.

Првпат стана светски шампион во Јамајка во 1973 година, кога брутално го нокаутира Џо Фрејзер, а потоа во 1994 година стана најстариот шампион во тешка категорија во историјата на боксот, кога во незаборавен меч го нокаутира Мајкл Мурер.

Покрај боксот, тој се истакнал и како бизнисмен, а големо богатство стекнал со производство и продажба на пренослива скара по име „Џорџ Форман Грил“.

Сè уште не е познато колку точно заработи Форман од овој производ, но до 2009 година, биле продадени 100 милиони парчиња.

Форман има дванаесет деца со неколку сопруги. Интересно е што сите пет негови синови го имаат истото име како познатиот боксер – Џорџ Едвард Форман.

Scroll to Top