Top Sport

Случајот Фрум е шок, катастрофа за велосипедизмот

Крис Фрум падна на допинг тестот, а поранешниот претседател на Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ), Пат Меквејд смета дека тоа мже да предизвика катастрофа во спортот.

Велосипедизмот својот кредбилитет го загуби во моментот кога Ленс Армстронг призна дека користел допинг, поради што му беа одземени сите титули, а најновиот случај со Фрум му зададе нов удар на овој спорт.

Мкевејд за Би би си рекол дека загрижувачки и шокантно е тоа што Грум во себе има двојно поголема доза салбутамол (лек кој го користат болните од астма) од дозволеното.

Британецот падна на допинг тестот за време на овогодишното издание на Вуелта. Фрум веднаш е суспендиран и доколку УЦИ и Анти-допинг агенцијата (ВАДА) не ги прифати неговите аргументи тој ќе остане без титулата на Вуелта.

Меквејд истакнал дека Фрум знаел дека ги крши правилата, а го загрижува тоа што Британецот е сигурен дека допингот нема да влијае врз неговото наследство.

Меквејд исто така упатил низа критики на сметка тимот на Фрум, Скај.

„Имаа 15 тешки месеци. Требаше да ги извадат тие работи на виделина за да се врати довербата во велосипедизмот. Не го направија тоа туку го направија спротивното. Имаат најголем буџет и можат да ја платата најскапата медицинска поддршка. Можат да ангажираат експерти за кои другите тимови немаат пари. Ќе биде тешко да се гледа како ќе излезат од ова и дали ќе го задржат кредибилитетот. Ова ќе покрене многу прашања“, рекол Меквејд.

Scroll to Top