Top Sport

Снукер-сензација, Рони О’Саливен елиминиран од СП од аматер (видео)

Петкратниот светски шампион во снукер, Рони О’Саливен доживеа една од најголемите сензации во овој спорт. Него од Светското првенство во снукер уште во првото коло го елиминираше аматерот Џејмс Кејхил (23).

Кејхил е првиот играч во историјата на овој спорт кој настапил на Светски шампионат, а се уште не е на светската ранг листа. Тој во Шефилд го победи О’Саливен со 10-8.

„Рацете ми се толку многу тешки. Немам енергија. Се обидувате да дадете се од себе, но сфаќате дека физички не се 100% подготвени. Пробав да се држам во мечот, да ја пребродам кризата, па да добијам неколку слободни дена, но не успеав. Ваквиот исход може да се гледа на два начина. Едниот е дека тоа момче дојде и одигра брилијантно, а вториот е дека јас пропуштив некои лесни шанси“ – вели О’Саливен.

Победникот и пред мечот тврдел дека може да победи било кого само долколку му е денот.

„Верувам дека можам да добијам секого, кога ми е денот. Мислев дека ќе бидам нервозен, но не бев. Убаво беше што се квалификував на Светското првенство, но убаво беше и што го победив Рони“ – вели младиот Кејхил.

https://youtube.com/watch?v=EruwFypnE2o

Scroll to Top