Top Sport

ПСЖ нуди 75, Јуве бара 130 милиони евра за Миралем Пјаниќ?

Како што пренесуваат француските и италијанските медиуми, босанскиот фудбалски репрезентативец кој ги брани боите на Јувентус летово ќе ја промени средината.

Иако подолг период се споменува преселба на Пјаниќ во Мадрид, во тимот на Реал Мадрид, сепак се чини првата понуда ќе стигне од земјата на светскиот фудбалски првак.

Медиумите во Франција објавуваат дека челниците на ПСЖ се подготвени на управата на „Старата дама“ да и исплатат 75 милиони евра за Пјаниќ да стане „светец“.

Сепак, италијанскиот печат шпекулира со сума од 130 милиони евра што ја бара шампионот на Италија за да го пушти босанецот во друга средина.

Пјаниќ во изминатиот период неколкупати се пврзуваше со трансфер во Манчестер Сити и во Баерн Минхен.

Тој во Торино стигна летото 2016 година од тимот на Рома, а за Јувентус оваа сезона одигра 40 меча, постигна 4 гола, а имаше и 7 асистенции.

Scroll to Top