Со донација на „Спорт Лајф“, игралиштето во ОУ „Кочо Рацин“, во Скопје, е комплетно реновирано во мулти-функционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.
Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.
“Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот“- велат од „Спорт Лајф“.
Од страна на училиштето „Кочо Рацин“, во името на целиот колектив, директорот Јовица Остоиќ, изрази голема благодарност за донацијата на „Спорт Лајф“, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.
Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште, која е донација од „Спорт Лајф“, изнесувала 1,5 милиони денари.