Руската тинејџерка, 15-годишната Камила Валиева, која во последните денови беше во центарот на допинг-скандал на Олимпијадата во Пекинг и покрај грешките кои ги направи во кратката програма, ја заврши на првото место, доаѓајќи блиску до златниот медал.
Валиева, која имала позитивен тест на средство за срцеви болести во декември (за што имаше оправдување дека земала од апчињата на својот дедо), направи грешка при тројниот аксел, и ја заврши програмата во солзи.
И покрај тоа што не беше на своето најдобро ниво, што е разбирливо по денови контроверзи и несигурност, таа имаше најдобар скор од 82.16, за прво место пред сонародничката Ана Шчербакова (80.20) и Јапонката Каори Сакамото (79.84). Слободната програма, на која ќе учествуваат 25 лизгачки на програма е во четврток.
“Can you just imagine what she’s been through? Remember: ??? ?? ???? ??!”
? An emotional Kamila Valieva takes the lead in the women’s single skating ⛸#Beijing2022 | #FigureSkating pic.twitter.com/vbKDpfSahm
— Eurosport (@eurosport) February 15, 2022