Top Sport

Софија Кенин е последната полуфиналистка на Ролан Гарос

Американската тенисерка Софија Кенин е последната полуфиналистка на Ролан Гарос. Таа попладнево со 2-1 (6:4, 4:6, 6:0) славеше триумф против сонародничката Даниел Роуз Колинс.

Помладата од двете четвртфиналистки успеа да дојде до победата по 2 часа игра. Колинс имаше проблеми и со повреда, па поради тоа во третиот сет побара медицински тајм-аут. Сепак тоа не помогна многу, а Кенин избори пласман меѓу четирите најдобри на турнирот.

Противник на Кенин во борбата за финале ќе и биде Петра Квитова од Чешка која денеска славеше рутинирана победа против Лаура Зигмунд од Германија.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Надја Подороска и Ига Свјонтек.

Scroll to Top