Top Sport

Пипен: Ова не е вистинската НБА

ЛА Лејкерс во финалната серија во НБА лигата води против Мајами со 3-1 во победи и е на чекор до нова титула во најсилната светска кошаркарска лига. Сепак, легендата на лигата и на Чикаго Булс, Скоти Пипен смета дека кошарката што се игра во „Дизни светот“ во Орландо, Флорида не е онаа вистинската.

„`Меурот` не е вистинската НБА, овде ја нема вистинската НБА рутина. Нема напорни патувања, нема гледачи, нема никакви пречки. Нема вистинска бучава, како да се играат пријателски мечеви, го нема вистинскиот притисок врз навивачите. Погледнете што прави Рондо во финалната серија, човекот во кариерата не погодил тројка, а сега гаѓа со 50%. Секоја вечер спиеш во ист кревет, ќе прошеташ до теретана, не мораш да се возиш по автобуси и не мораш 2 часа пред мечот да дојдеш на терен за да разговараш со новинарите. Ова е некоја друга игра“ смета Пипен.

Scroll to Top