Бранителката на титулата на Австралија опен, Софија Кенин, својот настап на турнирот го заврши во второто коло. Американката, за само 65 минути, доживеа пораз од Естонката Каја Канепи.
Кенин, четврта на ВТА листата, која минатата година сензационално ја освои титулата, немаше никакви шанси против 65.во светот, Канепи. Естонката победи во два сета со 6/3, 6/2.
Во третото коло, Канепи ќе игра против Дона Векиќ од Хрватска, која за еден час игра ја победиа Наѓа Подороска со 6/2, 6/2.
Светската број 1, Ешли Барти, без проблем го реши првиот сет со 6/1, против Дарија Гаврилова, а успеа да се извлече во вториот, кој со 9;7 го доби во тај-брејкот.
Барти во третото коло за противничка ќе ја има Екатерина Александрова.