Американскиот тенисер Џек Сок имаше подготвено голферско опуштање со добриот пријател Џон Изнер за прослава на крајот на тениската сезона, но наместо тоа ќе игра полуфинале на АТП финалето во Лондон.
Сок, последниот тенисер кој се квалификуваше за елитниот турнир на осумте најдобри тенисери во 2017 година, го победи светскиот број 3, 20-годишниот Германец, Александер Зверев со 6:4/1:6/6:4 за да го освои второто место зад Роџер Федерер во групата „Борис Бекер“ и да обезбеди полуфинална пресметка со Бугаринот Григор Димитров.
Сок својата последна четврта титула ја освои на Мастерсот во Париз пред две недели, триумф со кој им оневезможи на Изнер и на Хуан Марти дел Потро да го обезбедат последното место за Лондон. По поразот од Роџер Федерер во дебито на турнирот, тој го победи Марин Чилиќ во три сета во вториот меч.
A match packed with drama…@JackSock will face Grigor Dimitrov in the #NittoATPFinals semi-finals after a thrilling win over Sascha Zverev. pic.twitter.com/3axDAJDLCw
— Tennis TV (@TennisTV) November 16, 2017