Џек Сок се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако со 7:5/6:2 го совлада Французинот Жулиен Бенето, и сега ќе треба да го победи српското изненадување, Филип Краиновиќ за титула и за пласман на АТП финалето.
25-годишниот Американец оваа година освои две титули, триумфирајќи прво на Оукленд опен во Нов Зеланд на стартот на сезоната, а потоа и Делреј Бич опен на Флорида во март.
Доколку го загуби финалето од Краиновиќ, на завршниот турнир ќе патува неговиот сонародник, и добар пријател, Џон Изнер.
He’s now one victory from booking hotels in London. @JackSock is into the Paris final! ? ?#RolexPMasters pic.twitter.com/HuHroMXzve
— Tennis TV (@TennisTV) November 4, 2017