Стен Вавринка и Беноа Пер го продолжија трендот што владее во време на коронавирусот и го составија својот совршен тенисер. Швајцарскиот и францускиот тенисер се дружеле на социјалната мрежа „Инстаграм“ и разговарале на теми поврзани со тенисот.
Стен и Пер имаат речиси исто мислење околу тоа какви атрибути треба да поседува идеалниот тенисер. Интересно „пола“ од совршениот тенисер на Вавринака е Новак Ѓоковиќ.
Сервис: Џон Изнер
Ритерн: Новак Ѓоковиќ
Форхенд: Роџер Федерер
Бекхенд: Стен Вавринка (еднорачен), Новак Ѓоковиќ (дворачен)
Волеј: Роџер Федерер
Ментална сила: Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ
Чувство за топчето: Беноа Пер
Движење: Новак Ѓоковиќ
Совршениот тенисер на Пер е сличен, не и ист како оној на Вавринка.
Тој го избрал форхендот на Рафа Надал, а менталната сила на Хуан Мартин дел Потро.