Русија го совлада стариот ривал САД со 4:3 за пласман во полуфиналето на Светското првенство во хокеј на мраз во Братислава, Словачка, додека на Канада и беше потребно продолжение за драматчна 3:2 победа над упорните Швајцарци, откако принудија израмнувачки гол на четири десетинки од секундата.

Никита Гусев од Вегас голден најтс имаше еден гол и две асистенции за Русите, кои водеа со 2:0 и со 4:2, пред Алекс Дербиркет да намали на 4:3 и да обезбеди драматичен финиш на мечот.

Швајцарците, кои ја победија Канада со 3:2 во минатогодишното полуфинале, овојпат загубија со ист резултат. Канаѓаните беа пред елиминација губејќи со 1:2, пред ударот на Дејмон Северсон во последната секунда неколку пати да се одбие и да ја помине линијата за продолжение. Марк Стоун го постигна вториот гол на мечот за 3:2 победа. Следни за Канаѓаните се Чешка Република, која во последната третина го скрши отпорот на Германците за убедлива 5:1 победа.

Финска пак, го доби нордиското дерби со актуелниот шампион Шведска во уште една драматична завршница, со гол во финишот на регуларниот дел за Тимо Манинен во продолжението да донесе триумф за Финците и дуел со Русите во второто полуфинале.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Канада – Швајцарија 3:2 ОТ (0:1, 1:1, 1:0, 1:0)

Русија – САД 4:3 (2:0, 0:1, 2:2)

Чешка Република – Германија 5:1 (0:0, 1:1, 4:0)

Финска – Шведска 5:4 (1:2, 2:2, 1:0, 1:0)