Top Sport

„Спартанците“ пропуштија голема шанса за победа над Шпанија

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство во Финска, откако пропуштија голема шанса за триумф против Шпанија пред да загубат со 1:3 (23:25, 25:21, 28:30, 15:25).

Првиот сет го започнавме одлично и имавме 16:13, предност, пред Шпанците да се вратат и да го добијат сетот со 25:23, по што во вториот сет, конечно заигравме во вистински ритам и го освоивме со 25:20. Големата шанса за пресврт ја имавме во третиот сет, кога имавме две сет-топки на 24:22, пред да го загубиме со 28:30, пред во последниот сет Шпанците лесно го комплетираа триумфот.

Никола Ѓорѓиев имаше 22 поени, Љафтов додаде 12, и за одбојкарите останува уште мечот со Русија, веќе во среда.

Фото: ОФМ

 

Scroll to Top