Top Sport

Спасеновски и Костовска избрани за најдобри каратисти за 2022 година

Карате федерацијата на Македонија на свеченост во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги избра најдобрите за 2022 година. „Бронзеното момче“ од Европското првенство, Петар Спасеновски, е избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Вероника Костовска го доби признанието кај дамите.

Најдобар во конкуренција на кати кај сениорите е Кристијан Бајовски, додека кај дамите Пулексенија Јованоска.

Посебно признание на церемонијата доби и истакнатиот македонски спортски новинар Шабан Синани.

Карате федерацијата покрај традиционалните признание по категории, додели и посебни пофалници на истакнати македонски тренери и судии.

Scroll to Top