Top Sport

Спалети: Ова е шанса што Наполи не смее да ја пропушти

Фудбалерите на Наполи забележаа нова победа во италијанската Серија А на гостувањето кај Салерно. „Наполитанците“ славеа против Салернитана со 0:2, со головите на Џовани Ди Лоренцо и на Виктор Осимен.

Избраниците на тренерот Лучијано Спалети направија нов голем чекор во походот кон шампионската титула, која Наполи ја чека уште од легендарниот Диего Армандо Марадона во 1990 година.

По 19 одиграни натпревари „наполитанците“ имаат 50 бода, дури 12 повеќе од актуелниот шампион Милан.

За шансата е свесен и Лучијано Спалети кој знае дека едноставно не смее да се пропушти.

„Знаеме дека ова е шанса која нема да се повтори. Се трудиме да останеме фокусирани и да играме фудбал, а сигурно ќе останеме скромни и ќе ги правиме работите максимално професионално“, изјави Спалети.

Scroll to Top