Попладнево во Париз со ждрепка е одреден костурот за вториот грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Апсолутно дерби во првото коло ќе биде дуелот меѓу Рафаел Надал, кој настапува со специјална покана од организаторот и четвртиот тенисер на АТП листата, Александар Зверев.
Зверев и Надал последен пат на Ролан Гарос играа во 2022 година. Надал успеа да се пласира во финалето откако Зверев се здоби со тешка повреда на зглобот. Во моментот кога Германецот го предаде мечот Надал имаше предност во сетови 1:0, сетот го доби во тај-брејк со 10:8, а во втроиот сет резултатот беше 6:6.
Подоцна Надал лесно го победи Каспер Руд во финалето и ја освои 14. титула на Ролан Гарос.
Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ за противник во првото коло го доби домашниот тенисер Пјер-Иго Ербер, кој како и Надал доби покана од организаторот.
Надал и Зверев се во делот од костурот каде што се наоѓа и Ѓоковиќ, а во оваа половина е и Даниил Медведев, кој во првото коло доби незгоден ривал во Германецот, Доминик Кепфер.
На другата страна од костурт се Карлос Алкараз и јаник Синер. Алкарас во првото коло ќе игра против квалификант, додека Јаник Синер за противник го доби го очекува Крис Јубенкс.
#RolandGarros Men’s Singles draw: pic.twitter.com/JAAF9YPTMT
— José Morgado (@josemorgado) May 23, 2024