Top Sport

Спектакл во Мелбурн – Кирјос поразен од Медведев

Данил Медведев преку Ник Кирјос избори пласман во третото коло на Австралија. Минатогодишниот финалист победи во четири сета (7/6, 6/4, 4/6, 2/6) по три часа и четири минути голема борба.

По депортацијата на Новак Ѓоковиќ, првиот фаворит за титулата во Мелбурн, успеа во второто коло да го мине домашниот фаворит Кирјос.

Ник Кирјос, за навивачите им приреди спектакл. Исфрли на теренот се од својот арсенал, атрактивни потези, сервиси под рака, расправии со судиите.

Пружи одличен отпор во првите два сета, но во клучните моменти Медведев беше тој кој подобро ги користеше укажаните шанси. Успеа, Кирјос да го добие третиот сет, но потона во четвртиот, кога при резултат 2:2, Медведев успеа да направи брејк.

На крајот, покрај поголемата стабилност што ја имаше Медведев во играта, пресудија ас сервисите. Рускиот тенисер имаше 31 ас, Кирјос 17.

Интересно ова е прва победа за Медведев во дуелите со Кирјос. Во 2019 година, Австралиецот забележа две победи.

Медведев во третото коло ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп.

 

Scroll to Top