На спектакуларен начин, синоќа во Париз беа затворени 33. Летни олимписки игри.
Симболично знамето на Олимписките игри му беше предадено на градоначалникот на Лос Анџелес, а потоа го презеде славниот актер Том Круз.
Том Круз, скокна од врвот на стадионот во Сен Дени и слета меѓу насобраните спортисти и навивачи.
Фантастична сцена, по која со знамето се качи на мотор, а потоа се упати директно кон „Холивуд“.
Следните, 34-ти Летни олимписки игри ќе се одржат таму, во Лос Анџелес, во 2028 година.
Том Круз има 62 години, а познат е по тоа што никогаш не сака двојник или каскадер во своите филмови, туку секогаш самиот снима опасни сцени.
Игрите во Лос Анџелес ќе се одржат од 14 до 30 јули 2028 година.