Најмалку осум спортисти биле повредени во инцидент што се случил во ноќен клуб во Јужна Кореја, објавија светските медиуми.
Според овие извори во градот Гвангџу се срушил балкон на еден угостителски објект. Загинале две лица, а повредени биле 16, вклучувајќи американски и други спортисти, учесници на Светското првенство во пливање.
Во ноќниот клуб каде се случил инцидентот се наоѓа во близина на местото каде што се сместени спортистите. Во моментот во објектот имало преку сто луѓе.
Според полицијата загинале две лица од Јуажна Кореја, а повредени биле десет странци, од кои осум спортисти: тројца Американци, двајца од Нов Зеланд, еден Холанѓанец, еден Бразилец и еден Италијанец.
Полицијата веднаш уапсила еден од сопствениците на ноќниот клуб, а покрената била истрага која треба да утврди дали балконот бил дивоградба.
„Ова е страшна трагедија“, рекол извршниот директор на ватерполо репрезентацијата на САД, Кристофер Рамзи.
„Играчите на машкиот и женскиот тим ја славеа титулата што ја освоија жените на Светското првенство, кога се сруши балконот“, дополнил Рамзи.