Аукциската куќа Пипа, го продала спортскиот гулаб, наречен Армандо, за неверојатна сума од 1,25 милиони евра, објави Би-би-си. Армандо е нарачен „најдобриот белгиски гулаб на долги патеки на сите времиња“.
Продажбата на Армандо за 1,25 милиони евра, го урнала претходниот рекорд, кога за спортски гулаб биле платени 376.000 евра.
„Ниту во најлудите сништа не можевме да се надеваме на ваква сума. Претпоставуваме дека ќе достигнеме цена од 400.000 до 500.000 евра, а сонувавме дека може да биде продаден за 600.000 евра“, рекол за Би-би-си, извршниот директор на Пипа.
Интересно, Армандо е продаден за милиониска сума, иако неколку години е пензиониран, а новите сопственици ќе се посветат на одгледување и тренирање на неговите потомци. Гулабите можеле да имаат потомство и до десеттата година.
Армандо, на залезот од кариерата, победил на три важни трки: Ејс Пиџон во 2018 година, Олимпијадата за гулаби во 2019 и трката во Англемон.