Шпанската полиција во организирана акција уапсила неколку лица кои продавале еритропоетин (ЕПО). Уапсени биле шест лица, чии идентитети не се соопштуваат. „Ел Мунд“ пишва дека неколкумина од уапсените се државјани на Србија, а еден од нив живеел во Барселона.
Акцијата во која биле опасени лицата била спроведена во Барселона и Кадиз. Во кацијата полицијата запленила фалсификувани документи, мобилни телефони и 70.000 евра во кеш. Досега, повеќе од 800.000 евра се блокирани на различни банкарски сметки и недвижен имот.
Според истиот извор ЕПО купувале аматери и професионални спортисти од други држави.
ЕПО е забранета супстанца, бидејќи им помага на спортистите да го подобрат снабдувањето со кислород во мускулите.
Познатиот американски велосипедист Ленс Амстронг беше казнет со доживотна дисквалификација во 2012 година за употреба на еритропоетин.