Спортските натпреварувања на Олимпијадата завршија, останува само уште Свеченото затварање, откако во последниот меч, Србија ја одбрани титулата во ватерполо со 13:10 победа над Грција.
Како огромни фаворити за златото, Србите отворија „атомски“ со 6:3 предност по првата четвртина, меѓутоа Грците покажаа дека не се случајно во финалето, откако успеаја да израмнат на 7:7.
Сепак, искуството го направи своето и во клучните моменти. Откако последната четвртина започна со само гол предност (10:9) за Србија, тие ја зацврстија својата игра и направија три гола предност, кои на крајот беа недостижни за Грција во нивното прво олимписко финале.
Бронзениот медал отиде кај Унгарија, откако со 9:5 ја победија Шпанија.