Србија по вторпат стана европски шампион во одбојка, откако во финалето во „Берси“ во Париз се вратија по првиот лош сет за со 3:1 (19:25, 25:16, 25:18, 25:19) да ја победат Словенија во неочекуваното финале.
Во убава атмосфера во Париз, каде што Словенците овојпат немаа предност во бројот на навивачите, Словенците успеаја да го освојат првиот сет и да ја продолжат одличната низа на мечеви.
Меѓутоа, потоа, Србија предводена од Урош Ковачевиќ, доминираа во остатокот од мечот за да ја освојат титулата и во машка конкуренција, откако минатиот месец и женската одбојкарска репрезентација на северниот сосед ја освои титулата.
Бронзата на ова Европско првенство отиде кај Полска, која со 3:0 ја победи деморализираната Франција во саботата.