Foto/ Starsport
Србија ќе и се спротивстави на Италија во полуфиналето на Дејвис купот. Во втората пресметка од денешната програма во Малага, Србите обезбедија полуфинале откако ги добија мечевите во сингл против Велика Британија. Претходно, Италија со пресврт ја победи Холандија со 2:1. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа Финска и Австралија.
Првиот поен на Србија против Велика Британија и го донесе Миомир Кецмановќ во дуелот со Џек Дрејпер. Српскиот тенисер победи со 2:0, двата сета ги доби во тај-врејк, првиот со 7:2, вториот со 8:6.
Потоа, Новак Ѓоковиќ го направи она што се очекуваше, славеше во дуелот со камерон Нори. Првиот светски рекоет победи со 6:4, 6:4. Можеше и проано да го реши мечот но против Нори имаше лоша реализација на брејк шансите.
Полуфиналето Србија-Италија ќе се одигра во сабота. Тениската јавност со нетрпение ја очекува новата пресметка меѓу Ѓоковиќ и Јаник Синер. Во сабота ќе го одиграат третиот меч во псоледните 12 дена.