Откако последните денови актуелна беше дискусијата кој би победил во имагинарниот дуел меѓу Мајк Тајсон и Мухамед Али, на социјалните мрежи стана хит од видеото на средбата на двете легенди во тешка категорија пред еден меч на Тајсон.
53-годишниот Тајсон самиот се нарекуваше „најлошиот човек на светот“, но кога Али се појави изненадувачки во неговата соблекувална и му ја повлече раката кон неговото лице, на „Челичниот“ му стана незгодно и на крајот стана и го гушна човекот за кој постојано вели дека е „најголемиот на сите времиња“.
Тајсон неодамна призна дека не би имал шанси против Али во рингот, а честопати зборуваше за големината на Али.
„Секогаш сакав да мислам дека сум лош и суров човек. Не ми е грижа за ништо, но тука Али беше поголем од мене, бидејќи тој беше боксер кој беше подготвен да умре за боксот. Јас можеби зборував, но тој беше вистинскиот“, изјави Тајсон.