Српска тениска судијка, Маријана Вељовиќ стана само третата жена која судела едно Дејвис куп финале, а откако Хрватска ја победи Франција со 3:1 во Лил, таа доби и „шоу“ од навивачите кои беа добро расположени во текот на мечот.
Таа беше одговорна за клучниот меч помеѓу Марин Чилиќ и Лукас Пуј и ова беше доволно навивачите неколку пати да и ја пеат песната „Маријана, слатка мала Маријана“ од Дубровачки трубадури и постојано ја повикуваа.