Српскиот џудист Немања Мајдов е суспендиран на пет месеци поради прекршување на верските кодекси на Олимписките игри во Париз. Конкретно тој се прекрстил пред да ја започне борбата на Олимписките игри.
Правилникот на Интернационалната џудо федерација и не дозволува изразување религиски и политички пораки на нејзините натпреварувања.
Да потсетиме дека Мајдов пред борбата се прекрстил и, според мислењето на комисијата, го прекршил верскиот кодекс и со тоа ги прекршил прописите.
Поради ова Немања Мајдов е суспендиран на пет месеци.
Како што се огласи и самиот Мајдов во писмо, а потоа вели:
„Не плашете се од оние што го убиваат телото, но не можат да ја убијат душата. Господ Исусе Христе“, рече Немања Мајдов.
Мајдов имаше многу проблеми на Олимпијадата во Париз и беше доста бесен откако беше елиминиран во осминафиналето во категоријата до 90 килограми.