Голема трагедија го снајде српскиот спорт во четвртокот, кога натпреварувачот во кросфит Лазар Ѓукиќ загина на натпревар во САД.
Тој се удави непосредно пред финишот на Кросфит Игрите во Форт Ворт, Тексас.
Ѓукиќ останал без воздух во последните метри од пливачкиот сегмент и не успеал да излезе на брегот.
Спасувачите околу него не му помогнале, а во таа прилика се огласил поранешниот спасител Адам Малер кој ја гледал трагедијата.
„Бев спасител кога бев во ХС. Го чував локалното езеро три години. Немате поим колку лут го гледам ова видео од јасна активна жртва на давење. Ова треба да резултира со тужби и затвор за одговорните луѓе “, напиша тој Малер.
Ѓукиќ со години е најдобар кросфитер во Србија, а на светско ниво стигна до 88. позиција на светската листа.
I was a lifeguard while in HS. For 3 years I guarded at a local pond. You have no idea how incensed I am watching this video where there is a clear active drowning victim. This should result in lawsuits and jail time for the people responsible. #CrossFit pic.twitter.com/fIEHXGIHlw
— Adam Mahler (@MahlerAdam) August 8, 2024