Тројца одбојкари на репрезентацијата на Србија и еден тренер се заразени со коронавирусот. Пред неколку дена вирусот бил потврден и кај уште еден играч Александар Атанасијевиќ.
Последните тестови покажале дека заразени со вирусот се Марко Подрашчанин, Среќко Лисинац, Дражен Лубуриќ и тренерот Игор Жакиќ.
Атанасијевиќ и Лисинац не биле на подговтките на националниот тим, но биле во контакт со некои членови на репрезентацијата.
Петмината заразени се во домашен карантин, додека оние кои биле во контакт со заразените се во изолација во еден хотел во Белград.