Top Sport

Српски спектакл во Њујорк, Ѓоковиќ против Ѓере од 0-2 до 3-2

Новак Ѓоковиќ и Ласло Ѓере одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ју-ес опен. По голема борба и со пресврт, по три часа и 45 минути, победата со 3:2 во сетови ја однесе Ѓоковиќ.

Првите два сета ги доби Ѓере со 6:4, 6:4. Ѓере во првиот сет направи брејк во првиот гем, а во вториот му го одзеде сервисот на славниот сонародник во седмиот гем.

„Нема да лажам, имав разговор со себе во огледало. Бев лут. Мислев што да правам. Морав да се принудам да го кренам нивото на мојата игра, верував дека можам. Претходно, неколку пати не успеав, но вечерва успеав“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Освојувачот на 23. грен слем титули одигра фуриозно во третиот и четвртиот сет, гидоби со 6:1, 6:1, а решабачкиот сет го заврши со 6:3.

Во четвртото коло, Ѓоковиќ ќе игра против Борна Гојо. Хрватот во третата рунда го совлада Чехот Јиржи Весели со 6:4, 6:3, 6:2.

Scroll to Top