Поранешниот украински тенисер, Сергиј Стаховски преку социјалните мрежи го откри разговорот кој го имал со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по војната во Украина и неговото враќање во земјата за да се пријави во резервните сили.
„Стако, како си човеку, дали си на терен? Мислам на тебе, се надевам дека ќе се смири бргу. Те молам дај ми адреса да пратам помош, финансиска, било каква друга“, пишува Ѓоковиќ.
„Ноле, фала многу, на терен сум, Киев е прилично тивок“, одговара Стаховски.
Претходно, во интервју за италијанскиот весник „Ла стампа“, Стаховски, кој се пензионираше од тенисот во јануари беше малку разочаран што не добил повик од Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Ѓоковиќ ми прати порака, дури и разговаравме малку. Се обидов да контактирам со Федерер и Надал и жалам што преферираа да бидат тивки. Ги разбирам, ова не е нивна војна“, изјави Стаховски.
Стаховски ќе стане резервист, Свитолина го дава наградниот фонд на Украина