Откако Рафаел Надал се приклучи на Новак Ѓоковиќ и на Енди Мареј со коментар дека не е фер што руските и белоруските тенисери нема да може да играат на овогодишниот Вимблдон, преку социјалните мрежи се јави поранешниот најдобар украински тенисер, Серхиј Стаховски
„Рафа Надал, ние се натпреварувавме, игравме еден против друг на турнејата. Те молам кажи како е фер што украинските тенисери не можат да се вратат дома? Како е фер што украинските деца не можат да играат тенис? Како е фер што Украинците умираат?“, напиша Стаховски на Твитер.
Стаховски, кој се пензионираше од тенисот во јануари по настапот на Австралија опен, се врати во Украина и се пријави во територијалната одбрана по руската инвазија.
@RafaelNadal we competed together.. we’ve played each other on tour. Please tell me how it is fair that Ukrainian players cannot return home? How it is fair that Ukrainian kids cannot ply tennis? How is it fair that Ukrainians are dying ? https://t.co/l3bZtBEfsU
— Sergiy Stakhovsky (@Stako_tennis) May 2, 2022
Украински тенисер со закана до Путин: Ќе ти танцувам на гробот!
Стаховски ќе стане резервист, Свитолина го дава наградниот фонд на Украина