Мајк Тајсон ќе биде посебен гостин на вечерата за собирање на средства за својот поранешен тренинг-партнер, Том Пати, кој се обидува да стае конгресмен од Калифорнија, првпат да влезе во американската политичка сцена.
Тајсон и Пати тренираа заедно во Њујорк под водство на легендарниот тренер Кас Д’Амато, по што Тајсон стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата, додека Пати, кој боксуваше во средна категорија никогаш не стана професионалец. Четири децении подоцна, двајцата уште се добри пријатели и сега Тајсон реши да му врати за долгогодишното пријателство.
„Том е миротворец и тоа е неговата агенда. Да се слушнат сите мислења и да се најде најдоброто решение. Секако морам да застанам зад него“, вели Тајсон.
Пати открива дека токму Тајсон го убедувал да влезе во политиката, откако имал успешен бизнис со кранови во Стоктон.
„Том се жалеше за некои ср.ња што му се случуваат и само му кажав дека треба да направи нешто и да стане политичар. Јас сум секогаш зад него“, додава легендата.